Меѓународен фудбал Фудбал

Две легенди на Бразил влегуваат во нов фудбалски проект

Бразилските фудбалски икони Роналдо и Роберто Карлос започнуваат ново поглавје надвор од терените. Заедно со група инвеститори, тие официјално станаа нови сопственици на Интернасионал де Лимеира, клуб кој се натпреварува во третата бразилска лига. Интернасионал де Лимеира е клуб со богата традиција во државата Сао Паоло. Најголемиот успех го оствари во 1986 година кога ја освои титулата во Кампеонато Паулиста, а две години подоцна триумфираше и во втората бразилска лига. Во актуелната сезона екипата е лидер во Серија Ц и сериозно конкурира за пласман во повисок ранг.

Преземањето на клубот е дел од сè почестиот тренд во бразилскиот фудбал, каде клубовите преминуваат во модел на приватна сопственост преку спортски акционерски друштва, со цел да привлечат нов капитал и да го забрзаат развојот. За Роналдо ова не е непознат предизвик. Легендарниот напаѓач веќе беше сопственик на Крузеиро и шпанскиот Ваљадолид, додека за Роберто Карлос ова е прва инвестиција во сопственичката структура на професионален фудбалски клуб.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.