Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Два милиони луѓе ги поздравија новите светски шампиони во Мадрид!

Два милиони луѓе вчера ги преплавија улиците на Мадрид за да ја поздрават фудбалската репрезентација на Шпанија по освојувањето на титулата на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.

Шпанските репрезентативци и стручниот штаб допатуваа во татковината вчера попладне. Тие во неделното финале во Њујорк го совладаа досегашниот шампион Аргентина со 1:0 по продолженијата, со златниот гол на Феран Торес во 106-тата минута.

По првичниот дочек на аеродромот, фудбалерите заминаа на официјални приеми кај кралот Фелипе Шести и кралицата Летиција во палатата Сарзуела, а потоа се сретнаа и со премиерот Педро Санчез.

Главната прослава продолжи со дефиле на отворен автобус низ централните улици на Мадрид кон плоштадот „Сибелес“. Според официјалните податоци на властите кои ги пренесе весникот „Марка“, околу два милиони навивачи ги поздравија играчите и селекторот Луис де ла Фуенте на патот до централната бина, каде што шампионската ноќ заврши со голема музичка забава.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.