Македонски фудбал Фудбал

Два меча под рефлектори, недела без фудбал и дерби-понеделник!

Натпреварувачката комисија ги одреди термините за дуелите од 4. коло во Првата македонска фудбалска лига, кое носи доста специфичен и необичен распоред. Фудбалската возбуда ќе биде распоредена во три различни дена, петок, сабота и понеделник, додека во недела, што е традиционален термин за домашниот шампионат, нема да се одигра ниту еден натпревар.

Колото започнува во петок со два дуела. Од 17:00 часот, Скопје на домашен терен ги пречекува фудбалерите на Тиквеш, додека во вечерниот термин од 19:00 часот повторно ќе светнат рефлекторите во Штип, каде што Брегалница пред своите навивачи ќе се соочи со Башкими.

За сабота е закажана само една пресметка, во која Шкендија Арачиново од 16:30 часот го пречекува тимот на Арсими.

Неделната пауза ќе биде увертира за возбудливиот понеделник, кога се играат двете најголеми дербија во оваа рунда. Програмата ја отвораат Вардар и Силекс со дуелот на Арената „Тодор Проески“ од 17:00 часот, додека 4. коло ќе биде затворено од 19:00 часот на терените на ФФМ, каде под светлата на рефлекторите Шкендија и Струга Трим Лум ќе ги одмерат силите во директен дуел за врвот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.