Меѓународен фудбал Фудбал

Дувикас ја сруши Верона за чекор поблиску на Комо до Лигата на шампионите!

Екипата на Комо под водство на Сеск Фабрегас продолжува да го воодушевува фудбалскиот свет откако со минимални 1:0 славеше на гостувањето кај Верона во 36. коло од Серија А. Човек на одлука беше Анастасиос Дувикас, кој во 71-та минута ја затресе мрежата на домаќините, додека само четири минути подоцна ВАР го поништи израмнувачкиот гол на Верона поради офсајд.

Со овој триумф, Комо се искачи на петтото место со 65 бодови, оставајќи ги зад себе Рома и вршејќи огромен притисок врз Јувентус и Милан во трката за елитното друштво. За веќе испаднатата Верона ова беше уште еден разочарувачки резултат, додека за гостите ова се „златни“ бодови во пресрет на клучниот дуел со Парма во следното коло. Бајката на Фабрегас и неговите момци е сè поблиску до историски успех и пласман во европскиот крем следната сезона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести