Меѓународен фудбал Фудбал

Душан Тадиќ се враќа во Војводина?

Претседателот на ФК Војводина, Драгољуб Збилиќ, потврди дека клубот повторно ќе се обиде да го ангажира Душан Тадиќ и врати во својот матичен клуб. Тадиќ веќе подолго време е во радарот на тимот од Нови Сад.

Фудбалерот во моментов настапува за Ел Вахда во Обединетите Арапски Емирати, но во Нови Сад не се откажуваат од идејата за негово ангажирање. Првиот човек на клубот, Збилиќ, најави дека доколку добие нов мандат, веднаш ќе започне нови преговори. Единствен проблем може да бидат финансиските услови, односно високата плата која Тадиќ ја добива во тимот од Дубаи.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести