Меѓународен фудбал Фудбал

Дури 9 англиски клубови ќе ја покорат Европа!

Англискиот фудбал се подготвува за револуционерна и комплетно историска натпреварувачка година на меѓународната сцена во новата сезона. Премиер лигата за првпат ќе има дури 9 претставници во европските купови за претстојната сезона 2026/2027. Ова постигнување претставува апсолутен нов рекорд за една нација во досегашната историја на клупскиот фудбал.

Најсилната англиска лига обезбеди дури 5 претставници кои ќе се натпреваруваат во најелитната Лига на шампиони. Меѓу најдобрите европски тимови во елитата ќе ги гледаме Арсенал, Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Астон Вила и Ливерпул.

Екипите на Борнмут, Сандерленд и Кристал Палас пак ќе ја претставуваат земјата во второто по ранг натпреварување, Лига Европа. Последниот патник на меѓународната сцена е составот на Брајтон, кој своите сили ќе ги одмери во Конференциската лига.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.