Кевин Дурант смета дека трансферот на Леброн Џејмс во Филаделфија драстично ги зголемил шансите на тимот во борбата за шампионската титула во НБА. Леброн неодамна го напушти Лос Анџелес Лејкерс и се пресели во Филаделфија, каде ќе формира моќен тим заедно со Џоел Ембид, Тајриз Макси и новото засилување Џејлен Браун.
Според Дурант, Филаделфија сега располага со исклучително квалитетен ростер, кој може да се спореди со најсилните состави во поновата историја на НБА.
„Кога ние во Голден Стејт имавме неколку врвни стрелци, многумина зборуваа дека тоа е не фер. Сега Филаделфија има четворица кошаркари кои можат да постигнуваат по 25 поени на натпревар. Секако дека ќе бидат кандидати за титулата и ќе бидат еден од најатрактивните тимови за гледање“, изјави Дурант.
Ѕвездата на Хјустон Рокетс откри и дека не знаел однапред за одлуката на Леброн да ја продолжи кариерата во Филаделфија, но додаде дека тоа е одличен избор за искусниот кошаркар, кој ќе има можност да се бори за својата петта шампионска титула во НБА.

