Кошарка Меѓународна кошарка

Дурант напаѓа историја во Лос Анџелес: Целта е петто олимписко злато!

Кевин Дурант сè уште ја нема завршено својата приказна со репрезентацијата на САД и веќе ги насочи своите амбиции кон Олимписките игри во Лос Анџелес во 2028 година. Доколку се најде во тимот и стигне до тронот пред домашната публика, 37-годишната ѕвезда на Хјустон Рокетс ќе стане првиот кошаркар во машка конкуренција во историјата со дури пет олимписки злата.

Сепак, искусниот стрелец истакна дека не очекува место во составот врз основа на минатите успеси. Крајната одлука ќе ја донесе извршниот директор на американската кошаркарска федерација, Грент Хил, а Дурент порача дека преку своите настапи во следните две сезони сака да докаже дека и на прагот на 40-тата година заслужува место меѓу 12-те најдобри по заслуга, а не како подарок.

Дурант веќе ја испиша историјата во Париз 2024 како единствен кошаркар со четири олимписки злата (по оние во Лондон 2012, Рио 2016 и Токио 2021). Доколку ја одржи топ-формата, Игрите во Лос Анџелес ќе му понудат совршена можност уште еднаш да ги помести сите граници во светската кошарка.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.