Кошарка Меѓународна кошарка

Драма во НБА: Мајами бил најсериозен кандидат за Адетокумбо, но трансферот пропаднал!

Во текот на трејд рокот во НБА, Мајами Хит бил најблиску до ангажман на Јанис Адетокумбо, иако како фаворити се споменувале и Голден Стејт Вориорс и Минесота Тимбервулвс. Милвоки Бакс сериозно ја разгледувале понудата што вклучувала повеќе играчи и драфт избори, но на крајот се откажале од договорот.

Во финишот, Мајами останал единствен во трката, но трансферот пропаднал поради одлука на раководството да почека подобри понуди.

Во меѓувреме, односите меѓу Адетокумбо и клубот се влошиле поради повредата и различните ставови околу неговото враќање на терен. Иако сè уште е дел од тимот, неговото заминување изгледа сè поизвесно, а разврската се очекува во летниот преоден рок.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести