Џамал Мусијала ги загрижи сите откако двапати за само четири дена загуби свест на теренот. Младиот фудбалер прво колабираше против Лајпциг, а потоа му се слоши и на пријателскиот меч со Хајденхајм. Лекарските екипи веднаш мораа да интервенираат, додека соиграчите направи ѕид за да го заштитат од погледите.
Worrying scenes as Jamal Musiala is down again. He’s now taken off the pitch pic.twitter.com/jd9POUGAPU
— Bayern & Germany (@iMiaSanMia) August 18, 2026
По сите драматични сцени, асот на Баерн се огласи на Инстаграм и ја откри точната дијагноза. Мусијала објасни дека станува збор за невролошка дисфункција што предизвикува привремена несвестица. Тој нагласи дека оваа состојба лесно се лекува и не носи никакви дополнителни ризици по неговото здравје.
„Знам дека изгледа застрашувачки, но за мене ова е само дел од секојдневието. Се чувствувам добро и имам дозвола од врвни невролози да продолжам со фудбалот. Заедно со клубот и моето семејство ги преземаме сите потребни чекори“, порача германскиот репрезентативец.
Младиот 23-годишен фудбалер им се заблагодари на навивачите за поддршката. Тој побара јавноста да ја почитува неговата приватност додека продолжува со третманите. Мусијала останува фокусиран на борбата за нови трофеи со тимот на Баерн.

