Кошарка Македонска кошарка

Драма во Куманово, МЗТ Скопје го освои Суперкупот со 70-68!

МЗТ Скопје уште на стартот од новата сезона покажа дека повторно ќе има што да каже на домашната сцена. „Металците“ стигнаа до првиот трофеј во сезоната, но патот до него воопшто не беше лесен. Куманово одигра храбро пред својата публика и до последните секунди беше во игра за победа. Сепак, искуството на шампионот беше доволно за Суперкупот да замине во Аеродром.

МЗТ славеше со 70-68 во натпревар во кој речиси во текот на целиот меч се играше кош за кош. На полувреме гостите имаа минимални 39-37, а во финишот од третата четвртина Фаракан и Војдан Стојановски погодија тројки за првата посериозна предност од 58-51. Во последниот период МЗТ стигна и до 62-51, но Куманово не се предаде и приреди драматичен финиш. Сепак, домашниот тим не успеа да направи целосен пресврт, па трофејот му припадна на македонскиот шампион.

Фаракан беше најефикасен кај МЗТ со 20 поени, Војдан Стојановски постигна 16, а Лука Стојановски 11. Кај Куманово, Стајиќ заврши со 16 поени, шест скока и шест асистенции.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.