Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Драма пред Мундијалот: Уругвајците заглавија на аеродром!

Репрезентацијата на Уругвај преживеа вистински логистички кошмар на само неколку часа пред својот прв настап на Светското првенство. Експедицијата беше блокирана во Мексико откако се појави сериозен проблем со авионот, леталото немало соодветна дозвола за слетување на американско тло.

Ова предизвика паника во уругвајската федерација, која во координација со ФИФА мораше експресно да бара алтернативно решение за тимот да пристигне во Мајами пред крајниот рок (19:00 часот по локално време) за дуелот против Саудиска Арабија. Додека траеше хаосот, избраниците на Марсело Биелса нервозно чекаа во тренинг-базата „Мајакоба“, губејќи драгоцено време за одмор и подготовка.

ФИФА соопшти дека вината е кај авиокомпанијата во Канкун која направила административна грешка. Иако летот беше пренасочен и спасувачки изведен во последен момент, двократниот светски првак сега има помалку од 24 часа да се аклиматизира и да излезе на терен, што е огромен хендикеп пред премиерниот мундијалски предизвик.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.