Меѓународен фудбал Фудбал

Драма по дербито со Ренџерс, се запали автобус со навивачи на Селтик!

Непријатен инцидент се случи по големото шкотско дерби меѓу Селтик и Ренџерс. Автобус кој превезувал навивачи на Селтик се запалил во близина на „Селтик Парк“ по завршувањето на натпреварот, во кој гостите славеа со 1:0. Пожарот предизвикал брза реакција на пожарникарските служби, а дел од патот во близина на стадионот бил затворен за да им се овозможи пристап до местото на инцидентот.

За среќа, сите патници, меѓу кои имало и семејства со мали деца, успеале навреме да го напуштат автобусот и нема повредени. Компанијата „Меклинс Коучис“, чиј автобус бил зафатен од пожарот, соопшти дека според првичните информации и фотографиите постојат индикации дека пожарот можеби бил предизвикан од вандалски чин. Од компанијата нагласија дека тоа не претставува обвинение кон патниците или навивачкиот клуб, а надлежните органи ги утврдуваат околностите.

Инцидентот се случи по поразот на Селтик од Ренџерс со 0:1. Единствениот гол го постигна Рајан Надери во 33. минута. Селтик останува лидер со 18 бодови, додека Ренџерс има 16.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.