Меѓународен фудбал Фудбал

Дожд од голови на „Олд Трафорд“, но и водопад на трибините (ВИДЕО)

Иако Манчестер Јунајтед под водство на Мајкл Керик убедливо се врати на победничките патеки со триумфот од 5-2 против Ипсвич, реагирајќи по шокантниот пораз од Хул на стартот од новата сезона во Премиер лигата, натпреварот го одбележа и една скандалозна ситуација која повторно ја отвори дебатата за инфраструктурата на клубот.

За време на силниот дожд што го зафати Манчестер во второто полувреме, еден од симболите на долгогодишната запуштеност на „Олд Трафорд“ повторно излезе на виделина. Кровот на легендарниот стадион не ја издржа временската неприлика, па водата си го најде патот до трибините и внатрешноста на објектот, создавајќи вистински „водопад“ на кој сведочеа шокираните гледачи.

Видеото брзо стана вирално на социјалните мрежи, предизвикувајќи потсмев кај фудбалската јавност ширум Европа.

„Кровот на Олд Трафорд сè уште прокиснува во 2026 година. Нови тренери, нови засилувања, истиот водопад“, порача револтиран навивач на „црвените ѓаволи“.

Проблемите со прокиснувањето на „Театарот на соништата“ со години претставуваат болна точка за клубот и оставаат тажна слика за објект кој некогаш беше синоним за совршенство, а денес сè почесто се соочува со инфраструктурни хаварии за време на дождливи денови.

@dailymailsport They really ought to get that fixed 😬🌧️ #mufc #manutd #manchesterunited #rain #oldtrafford ♬ original sound – Daily Mail Sport

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.