Кошарка Меѓународна кошарка

Дончиќ за Јокиќ, Балканот и можниот трансфер во Црвена Звезда!

Лука Дончиќ повторно го привлече вниманието на кошаркарската јавност, овојпат со изјава која сигурно ќе ги израдува навивачите на Црвена Звезда. Словенечката суперѕвезда призна дека во моментов е целосно фокусирана на НБА кариерата, но не ја исклучува можноста во иднина да го облече црвено-белиот дрес.

За време на престојот во Белград, Дончиќ зборуваше и за разликите меѓу европската и американската кошарка, истакнувајќи дека играчите од Балканот повеќе се потпираат на кошаркарската интелигенција и тимската игра. Како најдобар пример го посочи Никола Јокиќ, со кого, според него, делат сличен стил на игра.

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс порача дека младите кошаркари најмногу напредуваат преку игра и натпреварување, а како најважен совет им го даде уживањето во кошарката. Дончиќ додаде дека секогаш му претставува посебно задоволство кога гледа деца кои го следат неговиот пат и носат опрема со неговото име.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.