Пред вечерашниот старт на новата НБА сезона, лидерот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, реши на посебен начин да им се обрати на фановите во Калифорнија. Словенечкиот репрезентативец закупи цела страница во дневниот весник „Лос Анџелес Тајмс“ за да објави отворено писмо во кое најави атак на шампионскиот прстен и вети беспоштедна борба на секој натпревар.
„Драг Лос Анџелес, вечера тргнуваме во поход на титулата. Имаме посебен тим, знаеме што очекувате од нас и ќе направиме сè што е во наша моќ тоа и да го оствариме“, порача меѓу другото Дончиќ, преземајќи ја и официјално главната улога во славниот клуб.
Во продолжението од писмото, Дончиќ им се заблагодари на навивачите за топлото добредојде откако пристигна во градот, истакнувајќи дека добро ја разбира огромната одговорност што ја носи виолетово-златниот дрес и богатата традиција на кошаркарските великани пред него. Тој побара од публиката максимална енергија на сите мечеви, нагласувајќи дека нивниот ветар во грб ќе биде пресуден во текот на долгата сезона. Лејкерси официјалниот старт го имаат во сопствената „Крипто Арена“ во големото дерби против Голден Стејт Вориорс.
A full page ad from Luka Dončić is in today’s LA Times https://t.co/7KbUydvYL1
— Dan Woike (@DanWoikeSports) October 21, 2026

