Кошарка Меѓународна кошарка

Дончиќ повторно во центарот на вниманието, овојпат и поради Трамп!

Американскиот претседател Доналд Трамп повторно привлече внимание со коментар поврзан со спортот, а овојпат неговата тема беше НБА-лигата и еден од најголемите трејдови во последните години – преминот на Лука Дончиќ од Далас Маверикс во Лос Анџелес Лејкерс. Говорејќи во Далас, Трамп се осврна на одлуката на Маверикс да го испратат словенечкиот кошаркар во Лејкерси и призна дека воопшто не го разбира потегот на клубот.

„Морам да ви кажам дека не го разбирам тој трејд. Тој нема да биде најдобриот трејд во историјата на спортот, туку можеби најлошиот“, изјави Трамп.

Американскиот претседател направи и споредба со познатиот трансфер на бејзбол-легендата Бејб Рут, кој своевремено од Бостон Ред Сокс премина во Њујорк Јенкис. Трамп дури и во шеговит тон остави впечаток дека би сакал Дончиќ да се врати во Далас.

„Трејдот на Бејб Рут засекогаш ќе биде најлошиот, но оној за Лука? Можеби можеме да го вратиме. Јас постојано враќам некои работи, мора да го направиме тоа. Не го разбирам тој договор. Некои ги разбираш, некои не“, додаде Трамп.

Иако неговите зборови предизвикаа внимание, реализацијата на ваква идеја е практично невозможна. НБА функционира независно од американската политика, а евентуално поништување на веќе реализиран трејд не може да биде предмет на политичка одлука. Дончиќ, пак, веќе се подготвува за новата сезона со Лејкерси, во која ќе има уште поголема улога во тимот по заминувањето на Леброн Џејмс. Словенечкиот ас треба да биде предводник на екипата од Лос Анџелес и еден од главните кандидати за најголемите индивидуални и тимски признанија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.