Кошарка Меѓународна кошарка

Дончиќ ова лето ќе паузира од репрезентацијата на Словенија

Словенечката кошаркарска репрезентација ќе мора да ги започне квалификациите за Светското првенство 2027 без својот лидер, откако Лука Дончиќ објави дека летово нема да го облече националниот дрес. Иако многумина веруваа дека повредата која го оддалечи од плеј-офот со неговите Лејкерси е главната причина за отсуството, словенечкиот ас појасни дека неговиот приоритет во овој момент е борбата за старателство и времето поминато со ќерките.

Преку емотивна порака на Инстаграм, тој нагласи дека по осум месеци разделување, одговорноста како татко му е поважна од секој спортски успех. Ова е сериозен удар за Словенија, која веќе на почетокот на јули ја очекуваат важни пресметки против Естонија и Шведска во борбата за мундијалски билет. Дончиќ не го криеше разочарувањето што нема да ја претставува својата земја, но порача дека неговото семејство секогаш ќе биде на прво место.

Без својата најголема ѕвезда, словенците ќе мора да бараат нови херои на патот кон светскиот трон.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести