Кошарка Меѓународна кошарка

Дончиќ одбра совршен соиграч: Го пречрта Леброн за Јокиќ, но на крајот победи најголемиот!

Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, предизвика огромно внимание меѓу кошаркарските фанови со својот избор за идеален партнер на теренот. Во интересна кошаркарска анкета, словенечкиот ас одлучи да го стави Никола Јокиќ пред бројни НБА величини, вклучувајќи го и својот некогашен соиграч Леброн Џејмс.

Дончиќ имаше задача постепено да елиминира некои од најголемите имиња во историјата за да стигне до својот идеален избор. На таа листа брзо отпаднаа ѕвезди како Шеј Гилџес-Александер, Виктор Вембањама, Кевин Дурaнт, Шекил О’Нил и Меџик Џонсон. Словенецот му даде предност на српскиот центар поради неговиот генијален преглед на играта, нереалната интелигенција и визијата на паркетот.

И покрај огромното почитување кон Јокиќ, српскиот кошаркар сепак не беше неговиот конечен избор за најдобар соиграч на сите времиња. Во завршницата од овој предизвик, предност пред Јокиќ доби легендарниот Лери Бирд, но ниту членот на Бостон не успеа да стигне до самиот врв. Дончиќ на крајот за свој ултимативен партнер го избра Мајкл Џордан, потврдувајќи го вечниот статус на најголемата легенда во овој спорт.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.