Кошарка Меѓународна кошарка

Дончиќ: Не смееме повеќе вака да ги отвораме мечевите!

Словенечката суперѕвезда Лука Дончиќ одигра уште еден незаборавен меч во НБА лигата, предводејќи го Лос Анџелес Лејкерс до третата победа во исто толку натпревари на стартот од сезоната. „Езерџиите“ славеа на гостувањето кај Јута со 132:123, успевајќи да се вратат од длабока негатива од дури 18 поени во втората четвртина.

Дончиќ беше просто незапирлив на теренот, завршувајќи го мечот со дури 52 постигнати поени, 10 асистенции, 7 скокови и 8 погодени тројки. Во самиот финиш, со две речиси идентични тројки ја круниса решавачката серија на Лејкерс од 14:5 за водство од 127:121 на минута и пол пред крајот, решавајќи ги сите дилеми околу победникот.

„Мораме да бидеме цврсти и да играме со многу повеќе контакт во одбраната, а потоа да го истрчаме теренот и да го покажеме нашето најдобро лице. Извлекуваме поуки, но не смееме повеќе да си дозволиме вака лошо да ги отвораме натпреварите. Покажавме голем карактер и срце, кога губите со речиси 20 разлика на гостување лесно е да се предадете, но ние останавме во игра, разговаравме меѓу себе и го извлековме максимумот“, истакна Дончиќ по мечот.

Голема поддршка Словенецот имаше во Остин Ривс кој постигна 29 поени, додека Вокер Кеслер го одработи емотивното враќање во Солт Лејк Сити, од каде што летово премина во Лејкерс, со скромни два поени и седум скокови.

Со оваа брутална партија, Дончиќ го запиша својот четврти натпревар во НБА кариерата со најмалку 50 поени и 10 асистенции. Со тоа се издвои сам на второто место на вечната листа во историјата на лигата, задминувајќи ги кошаркарските величини како Никола Јокиќ, Расел Вестбрук, Демијан Лилард и Нејт Арчибалд. Пред него на оваа елитна листа останува уште само Џејмс Харден со осум вакви остварувања.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.