Кошарка Меѓународна кошарка

Дончиќ купува клуб во Италија, Саша Ѓорѓевиќ ќе биде тренер!

Европската кошарка наскоро би можела да добие нов мега-проект со огромни амбиции. Угледниот весник „Газета дело Спрот“ пренесува дека група американски инвеститори го презема италијанскиот клуб Кремона.

Планот на новите сопственици е тимот веднаш да се пресели во Рим. Овој проект ќе биде организиран по пример на модерните НБА франшизи. Со купувањето на лиценцата, новиот состав добива директно место во елитното италијанско првенство.

Легендарниот српски стратег Саша Ѓорѓевиќ е избран за прв тренер и предводник на спортскиот сектор. Во целата приказна наводно е вклучен и Лука Дончиќ. Словенечката суперѕвезда веќе ја поддржа идејата искусниот Ѓорѓевиќ да го води тимот.

Главна фигура во раководството ќе биде Дони Нелсон, познат долгогодишен оперативец во НБА лигата. Неговата клучна задача е да биде врската меѓу Рим и идната европска НБА дивизија. Пред Саша Ѓорѓевиќ би бил сериозен предизвик експресно да состави моќен тим за новата сезона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.