Кошарка Меѓународна кошарка

Дончиќ ја реши драмата со Јута, Лејкерс се вратија од негатива од 18 поени (ВИДЕО)

Лука Дончиќ имаше вечер за паметење во НБА-лигата, постигнувајќи 52 поени во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Јута Џез со 132-123. Словенечката суперѕвезда беше незапирлива во нападот, погоди осум тројки и стана првиот кошаркар кој ја надмина границата од 50 поени во еден натпревар оваа сезона.

Дончиќ не само што доминираше во поентерскиот учинок, туку беше и клучниот фактор во завршницата, кога домаќините го скршија отпорот на противникот. Со две последователни тројки, на помалку од две минути до крајот, го предводеше налетот на Лејкерс и помогна неговиот тим да се одлепи на недостижни шест поени разлика.

Покрај неверојатните 52 поени, словенечкиот плејмејкер запиша и 10 асистенции и седум скока, потврдувајќи го своето огромно влијание врз играта на тимот од Лос Анџелес. Значаен придонес имаше и Остин Ривс, кој средбата ја заврши со 29 поени, па двајцата беа главните двигатели на офанзивата на Лејкерс.

Од другата страна, Јута имаше добар почеток и во втората четвртина стигна до предност од дури 18 поени, но не успеа да ја задржи контролата врз натпреварот. Лаури Марканен беше најефикасен кај Џез со 28 поени, додека Кејонте Џорџ забележа 24 поени, девет скока и 10 асистенции. Џарен Џексон Џуниор додаде 20 поени, а Ејс Бејли придонесе со 17 поени и 12 скока.

Јута на крајот плати висока цена за падот во играта и пропуштената предност, додека Лејкерс ја искористија својата шанса и стигнаа до значаен триумф. Сепак, главната приказна на вечерта беше Дончиќ, кој со извонредниот настап уште еднаш покажа дека може сам да го преземе товарот кога на неговиот тим му е најпотребно.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.