Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Доминација на Мексико и водство од 1-0, ЈАР немоќни…

Светското првенство во Северна Америка не можеше да посака подобар и поексплозивен почеток. Најголемиот фудбалски настан на планетата веднаш донесе историски момент, а главен херој е домашниот офанзивец Хулијан Кињонес, кој уште во деветтата минута од премиерниот дуел против Јужна Африка ја затресе мрежата и предизвика вистински земјотрес на трибините на култната „Ацтека“.

Овој погодок има златна вредност и урива еден неверојатен мундијалски малер за домашната селекција. Имено, иако репрезентацијата на Мексико дури шест пати во својата историја играла на отворањето на светските шампионати, ова е апсолутно првпат мексикански фудбалер да го постигне првиот гол на турнирот.

Кињонес на спектакуларен начин ја круниса почетната иницијатива и ги оправда огромните очекувања на нацијата, најавувајќи дека Мексико на домашен терен ќе биде исклучително опасен и подготвен за големи нешта на овој историски Мундијал.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.