Меѓународен фудбал Фудбал

Добри вести за Наполи: Мек Томинеј успешно опериран, наскоро се враќа на терен

Шкотскиот репрезентативец и еден од клучните играчи на Наполи, Скот Мек Томинеј, успешно беше подложен на оперативен зафат за корекција на блага срцева аритмија, која му беше дијагностицирана минатата недела.

Од таборот на италијанскиот шампион потврдија дека процедурата на аблација поминала во најдобар ред и без какви било компликации, па 29-годишниот фудбалер од средниот ред наскоро ќе и им се врати на редовните обврски. Сpоред официјалното соопштение на клубот, Мек Томинеј ќе мора да мирува околу две недели пред да добие зелено светло за враќање на тренинзите.

Трансферот од Манчестер Јунајтед во летото 2024 година се покажа како еден од најдобрите потези во кариерата за Шкотот. Тој брзо израсна во лидер на тимот, освојувајќи го Скудетото во својата дебитантска сезона, по што следуваше и трофејот во Суперкупот на Италија. Брзото надминување на овој здравствен проблем е одлична вест и за Наполи и за репрезентацијата на Шкотска пред претстојните предизвици.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.