Кошарка Меѓународна кошарка

Добри вести за Лејкерс, Дончиќ е 100% подготвен за новата сезона!

Лука Дончиќ потврди дека зад себе има успешен период на рехабилитација и дека е целосно подготвен за новите предизвици. По заминувањето на Леброн Џејмс во редовите на Филаделфија, примарниот товар во нападот на Лос Анџелес Лејкерс во претстојната сезона ќе падне токму врз неговите плеќи.

Иако минатата сезона беше прв стрелец во НБА лигата, повредата во самиот финиш го спречи Словенецот да даде максимум во плејофот. Поради неговото отсуство, „езерџиите“ беа елиминирани во второто коло на Западната конференција од страна на екипата на Оклахома Сити Тандер.

Дончиќ во своето обраќање до фановите откри дека целосната пауза од кошарката му била неопходна за физичко и ментално регенерирање пред новите борби. 27-годишниот лидер на екипата исто така најави дека во текот на август ќе ги угости соиграчите од Лејкерс на четиридневно дружење во Словенија.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.