По спектакуларната победа од 7:2 над Расинг Сантандер, најголемата грижа во редовите на Барселона беше здравствената состојба на првиот голман Жоан Гарсија, кој поради незгоден пад пред самиот крај на првото полувреме се пожали на болки во коленото. Сепак, денешните детални медицински прегледи донесоа огромно олеснување во таборот на каталонскиот гигант, потврдено е дека не се работи за сериозно оштетување, туку за полесно искривување на зглобот.
Ова значи дека шпанскиот чувар на мрежата дури би можел да биде во конкуренција за составот уште викендов на тешкото гостување кај Севиља на „Рамон Санчез Писхуан“. Сега целото внимание е насочено кон тренерот Ханси Флик, кој треба да пресече дали веднаш ќе го ризикува својот прв избор или ќе направи промена за последниот предизвик пред репрезентативната пауза.
Доколку Флик одлучи да го поштеди Гарсија, меѓу стативите би можел одново да застане Војчех Шчесни, кој на претходниот меч имаше сигурно деби со исклучок на една кардинална грешка, а како трета опција на располагање е и Доминик Ливаковиќ.
Како и да е, со оглед на тоа што офанзивната машина на Барселона оваа сезона меле сè пред себе и постигнува речиси пет гола по натпревар, евентуалното отсуство на првиот голман нема премногу да ја наруши самодовербата кај шпанскиот шампион пред отпатувањето за Андалузија.

