Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија донесе одлуки по натпреварите од 10. коло во Првата и осмото коло во Втората лига, покренувајќи дисциплински постапки против два клуба и клупски функционер, како и казни за четворица фудбалери.
Поведена е дисциплинска постапка против Шкендија Арачиново поради слаба организација на натпреварот од 10. коло на ПМФЛ против Струга Трим Лум, односно поради присуство на неслужбени лица во службените простории. Дисциплинска постапка е поведена и против Сулејман Алими, извршен директор на Шкендија Арачиново, поради вербален напад и упатени закани кон судиската четворка по истиот натпревар.
Дисциплинска постапка е поведена против Камјани поради слаба организација на натпреварот од осмото коло на ВМФЛ против Кожуф.
Воедно, Дисциплинската комисија изрече и суспензија за настап на четворица фудбалери: Мартин Тодоров (Шкендија Арачиново) – суспензија од два натпревари; Дарко Денков (Детонит) – суспензија од два натпревари; Енис Дервиши (Камјани) – суспензија од три натпревари; Давид Ристовски (Брера Струмица) – суспензија од еден натпревар.

