Меѓународен фудбал Фудбал

Директорот на Тотенхем предупредува: Трансферите сами не носат победи!

Тотенхем имаше исклучително бурно лето на трансфер пазарот, но од раководството на клубот пристигна порака дека вистинската работа допрва следува. Извршниот директор Винај Венкатешам призна дека зад клубот е огромна работа, но нагласи дека трансферите сами по себе нема да донесат успеси на теренот.

„Спарси“ реализираа повеќе од 30 трансакции поврзани со првиот тим, додека вкупните активности во клубот достигнаа 54 влезни и излезни зделки. За нови играчи биле издвоени околу 394 милиони фунти, додека од продажбите потенцијално би можеле да се вратат 264 милиони. Венкатешам истакна дека зад секој трансфер стоеле месеци скаутинг, анализи, преговори, медицински прегледи и бројни административни активности. Според него, летото донело големи промени и во женскиот тим, академијата и тренинг-структурите. Сепак, најважната порака е упатена кон теренот.

„Трансфер прозорецот не добива фудбалски натпревари. Сега одговорноста е да работиме заедно и да постигнуваме резултати со кои навивачите ќе се гордеат“, порача Венкатешам.

Така, по огромните вложувања и промените во составот, притисокот сега ќе биде врз Роберто Де Зерби и неговите фудбалери да покажат дека големите инвестиции можат да се претворат и во резултати.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.