Хрватскиот првак Динамо Загреб направи уште еден голем чекор кон пласман во Лигата на шампионите откако го завери преминот во плејофот со нова победа над Кауно Жалгирис. По убедливите 5:0 на „Максимир“, загрепчани славеа и на гостувањето во Литванија со 2:1.
Динамо ги реши сите дилеми уште во уводните триесетина минути со головите на Лукас Качавенда во 19. минута и Јосип Мишиќ во 30. минута. Работата се компликуваше во 32. минута кога голманот Иван Филиповиќ заработи црвен картон, па гостите мораа речиси еден час да играат со играч помалку. Домаќините намалија преку Габриел Дебељух во 56. минута, но резервниот голман Невистиќ со неколку одлични одбрани ја зачува предноста и победата.
Последната пречка за Динамо на патот кон елитното друштво ќе биде норвешкиот тим Викинг од Ставангер. Првиот дуел од плејофот ќе се одигра на 18 или 19 август во Загреб, додека реваншот е закажан за една недела подоцна во Норвешка.

