Меѓународен фудбал Фудбал

Динамо со една нога во Плеј-оф, кикс на Звезда, Спарта Прага со пресврт до победа над Лион!

Вчерашните натпревари од третото квалификациско коло за Лигата на шампионите донесоа исклучително интересни расплети, убедливи победи и неколку изненадувања ширум европските терени.

Динамо Загреб ги реши сите дилеми уште во првиот меч против Кауно Жалгирис, совладувајќи го литванскиот ривал со убедливи 5:0 на „Максимир“. Со оваа победа хрватскиот шампион си обезбеди место во плејофот каде што го очекува дуел со норвешки Викинг.

Голем пресврт се случи во Прага, каде што екипата на Спарта го совлада Лион со 2:1 по негативата од првото полувреме. Французите пропуштија можност за водство откако Толисо не реализираше пенал, по што домашниот состав сурово ги казни нивните грешки.

Црвена Звезда доживеа непријатен пораз на неутрален терен во Унгарија, губејќи од Хапоел Беер Шева со 1:0. Иако српскиот шампион имаше играч повеќе во последните триесетина минути, екипата не успеа да ја пробие збиената одбрана на противникот.

Највозбудливиот меч го одиграа Унион Сен Жилоаз и Боде Глимт, завршувајќи без победник во динамична пресметка со дури шест погодоци 3:3. Норвежаните извлекоа реми во судиското надополнување, обезбедувајќи одлична позиција пред реваншот на домашен терен.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.