Ракомет Репрезентација на Македонија

Димитријески избра 25 ракометарки на списокот за ЕХФ неделата до 17 години

Селекторот на женската кадетска репрезентација на Македонија до 17 години, Славиша Димитријески, го објави составот на кој ќе смета за активностите за време на претстојната ЕХФ недела. Стратегот одлучи да им даде доверба на 25 млади ракометарки кои ќе ги тестира и воигрува во периодот од 21 до 27 септември.

Оваа репрезентативна пауза ќе послужи за дополнително зближување на тимот и усовршување на тактичките замисли на стручниот штаб. Прозивката и првиот работен тренинг на националниот тим се закажани за в понеделник (21 септември), со почеток од 18:30 часот во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.

Со овој собир официјално стартува новиот подготвителен циклус во кој младите македонски ракометни надежи ќе бараат можност да ги потврдат своите квалитети и да изборат место во најтесниот избор на репрезентацијата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.