Македонски фудбал Фудбал

Димитар Митревски именуван за нов претседател на ФК Пелистер

ФК Пелистер и официјално влегува во ново поглавје. По промените во раководната структура и заминувањето на досегашниот претседател Александар Стефановски, клубот доби нов лидер кој ќе ја предводи амбициозната приказна во сезоната 2026/27. Со одлука на единствениот акционер – Општина Битола, довербата да застане на чело на клубот му е укажана на Димитар Митревски, кој ја прифатил функцијата и веќе започнува со реализација на плановите за иднината на „зелено-белите“.

Митревски, кој има 45 години, зад себе има богато искуство во областа на спортскиот менаџмент и маркетингот. Во македонската спортска јавност е препознатлив по успешното раководење со РК Еурофарм Работник и РК Еурофарм Пелистер, а сега пред него е нов предизвик – да го врати Пелистер меѓу најуспешните клубови во македонскиот фудбал.

Една од неговите први задачи ќе биде изборот на нов шеф на стручниот штаб, по што ќе следува претставување на програмата за работа, како и официјализирање на стартот на летните подготовки и планот за подготовките пред почетокот на новата сезона.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.