Канадскиот кошаркар Дилон Брукс ја продолжи соработката со Феникс Санс до 2030 година. Борбениот бек потпиша нов тригодишен договор вреден 73 милиони долари, со што раководството на тимот го награди за неговата извонредна сезона во која бележеше во просек по 20 поени и 3,6 скокови, предводејќи ја екипата до неочекуван пласман во плејофот.
Брукс пристигна во Аризона во летото 2025 година како дел од големиот трејд во кој Кевин Дурант заврши во Хјустон, а многумина му ги припишуваат заслугите за градењето на новата победничка и агресивна култура во тимот. Заедно со Девин Букер, тој се наметна како вистински лидер на Санси, поради што сопственикот Мет Ишбија уште во текот на летото јавно ги одби понудите на Лос Анџелес Лејкерс за негов евентуален трејд, потврдувајќи дека Канаѓанецот е клучен играч за иднината на франшизата.

