Прославениот поранешен фудбалер Диего Форлан е именуван за привремен селектор на Уругвај, соопштија официјално од Уругвајската фудбалска федерација. Форлан неодамна ја презеде селекцијата до 20 години, но сега паралелно ќе го предводи и А-тимот. Тој ќе остане на оваа двојна функција најмалку до март следната година.
Поранешниот славен напаѓач на клупата го наследи искусниот Марсело Биелса. Аргентинецот доби отказ по големиот неуспех и елиминацијата на Уругвај уште во групната фаза на Светското првенство.
Јужноамериканската репрезентација нема да игра официјални натпревари во следните две години, сè до Копа Америка во јуни 2028 година. Форлан е вистинска легенда на овој тим, со постигнати 36 голови на 114 натпревари во репрезентативната кариера.

