Првата рунда од НБА драфтот помина без големи изненадувања на самиот врв, но донесе вистинска драма со бројни размени кои комплетно ја одбележаа вечерта. Вашингтон Визардс со првиот пик очекувано го избраа суперталентот Еј Џеј Дибанка, додека веднаш зад него се пласираа Дерин Питерсон во Јута Џез и Камерон Бузер, кој заврши во Мемфис Гризлис. Покрај стандардните избори во топ лотаријата, каде Далас изненади со раното повлекување на Морез Џонсон како деветти пик, вечерта ја одбележаа менаџерските тактики во кои франшизите агресивно тргуваа за да обезбедат подобра позиција за иднината.
Најголемо внимание привлече потегот на Денвер Нагетс, кои од 26-тата позиција го избраа цврстиот центар Тарис Рид помладиот, кој на хартија требаше да биде идеална резервна опција за Никола Јокиќ под кошевите. Сепак, раководството на шампионот по само неколку минути ги промени плановите и го испрати Рид во Сан Антонио Спарст, добивајќи го во замена 35-тиот пик за втората рунда, како и уште два идни избори на драфтот од Минесота и Сакраменто. Ваквите луди размени буквално ја скроија завршницата на вечерта, па така Лос Анџелес Лејкерс успеаја да го уловат Камерон Кар, кој патем беше голема желба на Денвер, додека Сакраменто ја презеде контролата врз Алекс Карабан.
Комплетен редослед на првата рунда од НБА драфтот:
- Вашингтон Визардс – Еј Џеј Дибанка
- Јута Џез – Дерин Питерсон
- Мемфис Гризлис – Камерон Бузер
- Чикаго Булс – Кејлеб Вилсон
- Лос Анџелес Клиперс – Китон Воглер
- Бруклин Нетс – Микел Браун помладиот
- Сакраменто Кингс – Дариус Ејкаф помладиот
- Атланта Хокс – Кингстон Флемингс
- Далас Меверикс – Морез Џонсон помладиот
- Милвоки Бакс – Брејден Бурис
- Голден Стејт Вориорс – Јаксел Лендеборг
- Оклахома Сити Тандер – Адај Мара
- Милвоки Бакс – Нејт Ејмент
- Шарлот Хорнетс – Ханес Штајнбак
- Чикаго Булс – Дејлин Свејн
- Мемфис Гризлис – Бенет Стирц (трејдуван во Оклахома)
- Оклахома Сити – Ебука Окори (трејдуван во Детроит)
- Шарлот Хорнетс – Кристијан Андерсон
- Торонто Репторс – Ален Грејвс
- Сан Antonio Спурс – Џејден Квејнтенс
- Детроит Пистонс – Карим Лопез (трејдуван во Мемфис)
- Филаделфија Севентисиксерс – Лабарон Фајлон помладиот
- Атланта Хокс – Зуби Еџофор
- Њујорк Никс – Камерон Кар (трејдуван во Лејкерс)
- Лос Анџелес Лејкерс – Серхио Де Лареа (трејдуван во Њујорк)
- Денвер Нагетс – Тарис Рид помладиот (трејдуван во Сан Антонио)
- Бостон Селтикс – Kris Сенак помладиот
- Бруклин Нетс – Џошуа Џеферсон
- Кливленд Кавалирс – Алекс Карабан (трејдуван во Сакраменто)
- Далас Меверикс – Коа Пит (трејдуван во Финикс)

