Аргентинскиот ас Пауло Дибала и официјално ја продолжи соработката со Рома, откако римскиот клуб потврди дека искусниот офанзивец ставил потпис на нов договор со важност до јуни 2027 година. Дибала пристигна на „Олимпико“ во 2022 година по успешниот период во Јувентус и за кратко време се наметна како еден од најважните играчи на „волчицата“. Во дресот на Рома досега одигра 139 натпревари, постигна 45 голови и имаше значајна улога во успесите на тимот, меѓу кои и пласманот во финалето на Лига Европа во својата прва сезона.
Минатата сезона беше обележана со проблеми со повреди, а по операцијата на коленото во март Дибала беше надвор од терените неколку месеци. Сепак, и покрај шпекулациите за можна разделба, двете страни решија да ја продолжат соработката.
Рома во новата сезона ќе се врати во Лигата на шампионите, откако минатата година заврши на третото место во Серија А, а првиот првенствен натпревар ќе го одигра на 24 август против Фиорентина.

