Боречки спортови Други спортови

Џошуа преживеа два нокдауни па го нокаутира Пренга! (ВИДЕО)

Ентони Џошуа оствари драматична победа над Кристијан Пренга на повратничкиот меч во Џеда, совладувајќи го албанскиот боксер со нокаут во втората рунда. Иако влезе како голем фаворит, британскиот тешкаш мораше да помине низ вистинска драма за да дојде до триумфот.

Борбата започна шокантно откако Пренга го прати Џошуа на подот со силен аперкат по само 20 секунди, а подоцна во истата рунда Британецот уште еднаш заврши на подлогата. Сепак, во втората рунда Џошуа ја презеде иницијативата, погоди со разорна десница и го собори ривалот, по што судијата веднаш сигнализираше технички нокаут.

По мечот, емотивниот Џошуа истакна дека поминал низ исклучително тежок период и дека до победата стигнал благодарение на карактерот и духот. Со овој триумф, тој го зачува долгоочекуваниот дуел против Тајсон Фјури, за кој договорите се веќе потпишани, а официјалниот датум и локацијата треба да бидат потврдени наскоро.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.