Џордан Хендерсон го раскина договорот со Брентфорд за во следните денови и официјално да го комплетира трансферот во Челзи. Раководството на Брентфорд му излезе во пресрет на искусниот фудбалер за врска, кој минатото лето пристигна од Ајакс, овозможувајќи му во финишот од кариерата уште еднаш да го облече дресот на англиски гигант.
„Исклучително сум благодарен за шансата што ми ја даде Брентфорд. Ми беше од голема важност да се вратам во Премиер лигата, а тие ми го овозможија тоа. Се надевам дека успеав да дадам свој придонес во еден важен период за клубот и сите треба да бидеме горди на сѐ што постигнавме минатата сезона“, изјави Хендерсон.
Новиот менаџер на „сините“, Чаби Алонсо, побара доведување на двајца искусни играчи со цел да внесе потребен баланс и искуство во младиот состав. Хендерсон е првиот што договори соработка и на „Стамфорд Бриџ“ го очекува двогодишен договор. Втората ветеранска желба на шпанскиот стратег е 36-годишниот напаѓач Дани Велбек.
Зад себе Хендерсон има богата кариера во која дури 12 сезони го носеше дресот на Ливерпул, а настапуваше уште и за Сандерленд, Ковентри, Ал-Етифак и Ајакс. Покрај тоа, тој беше и дел од репрезентацијата на Англија која го освои третото место на неодамнешното Светско првенство.

