Меѓународен фудбал Светски првенства Фудбал

Џон Тери без милост: Тухел ги направи најлошите тактички потези на турнирот!

Елиминацијата на Англија во полуфиналето на Светското првенство против Аргентина предизвика бројни реакции на Островот, а меѓу најгласните критичари на селекторот Томас Тухел беше легендарниот капитен Џон Тери. Поранешниот стопер на „трите лава“ смета дека Англија не загубила поради настапот на фудбалерите, туку поради погрешните одлуки на селекторот. Според него, тактичките потези и измените што Тухел ги направил во текот на натпреварот биле клучни за пресвртот на Аргентина.

„Она што го видов во полуфиналето беа едни од најлошите тактички одлуки што сум ги видел од тренер на голем турнир. Длабоко сум разочаран, а вината е 100 проценти на Тухел“, изјави Тери во поткастот „Спорт без цензура“.

Тој додаде дека англиските репрезентативци заслужуваат пофалби за прикажаната борбеност во текот на целиот турнир и истакна дека тимот успевал да доаѓа до резултати благодарение на карактерот и индивидуалниот квалитет на играчите, а не поради тренерските решенија. Тери призна дека пред почетокот на Мундијалот верувал дека Тухел е вистинскиот човек за селекторската функција, но по поразот од Аргентина целосно го променил своето мислење.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.