Меѓународен фудбал Фудбал

Џеко за бесната реакција кон Барбарез: Бев лут, но меѓу нас нема никаков проблем!

Капитенот на Босна и Херцеговина, Един Џеко, конечно ги разјасни сите шпекулации околу неговата бурни реакција за време на Светското првенство, кога селекторот Сергеј Барбарез го извади од игра во 64-тата минута на мечот против Катар.

Камерите тогаш го уловија Џеко како револтирано фрла шише со вода покрај клупата, што отвори прашања за односите во таборот на „змејовите“. Напаѓачот призна дека бил фрустриран, но нагласи дека тоа е сосема нормален дел од фудбалот.

„Да, бев лут во тој момент. Луѓето ја гледаат само реакцијата, но не и тоа што се случуваше пред или потоа. Тоа е составен дел од спортот“, изјави Џеко и потврди дека помеѓу него и Барбарез владее огромна меѓусебна почит.

Искусниот голгетер не ја пропушти можноста да го пофали и Емир Спахиќ за неговата одлична работа во доближувањето на младите таленти до националниот тим.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.