Меѓународен фудбал Фудбал

Џејми Варди пред враќање во Чемпионшип. Вест Хем главен фаворит!

Англискиот голгетерски ветеран Џејми Варди би можел да се врати во англискиот фудбал откако ја заврши својата едногодишна авантура во италијански Кремонезе и стана слободен агент. За 39-годишниот напаѓач има голем интерес од повеќе екипи, а во моментов како главен фаворит за неговиот потпис се издвојува тимот на Вест Хем.

„Чеканите“ бараат ново засилување во нападот во финишот од преодниот рок, особено откако АЗ Алкмар ја одби нивната понуда од 17,5 милиони евра за Трој Парот. Варди е значително поевтина опција за која не треба да се плаќа обештетување, а притоа се работи за играч кој добро знае како се изборува промоција, откако во два наврати го предводеше Лестер од Чемпионшип до Премиер лигата.

Легендата на англискиот фудбал минатото лето го напушти Лестер по 500 одиграни натпревари и 200 постигнати голови, по што замина на Апенините. Иако во Кремонезе постигна седум гола и три асистенции на 29 меча, тој не успеа да го спаси италијанскиот клуб од испаѓање од Серија А, па сега го чека новиот предизвик во кариерата.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.