Џејк Пол потврди дека конечно е подготвен за долгонајавуваниот премин во ММА, а како свој прв противник го посакува добро познатиот ривал Нејт Дијаз. Американецот откри дека реваншот во кафезот би можел да се одржи во текот на следната година.Пол и Дијаз веќе се сретнаа во боксерски меч во 2023 година, кога јутјуберот и професионален боксер славеше со едногласна судиска одлука, откако претходно го испрати својот противник во нокдаун.
Најавата за ММА-дебито дојде при претставувањето на новото партнерство меѓу Most Valuable Promotions и PFL, каде Пол истакна дека отсекогаш сакал да настапи во кафезот и дека сега конечно се создадени услови за тоа. Воедно, тој јавно му испрати порака на Дијаз, повикувајќи го да ја прифати пресметката и да го реализираат реваншот што долго време се најавува во светот на боречките спортови.
Сепак, Пол нагласи дека нема намера да ја напушти боксерската кариера. Според неговите планови, најпрво ќе одработи уште еден боксерски меч, а потоа ќе се насочи кон ММА-дебито против Дијаз. Доколку договорот биде финализиран, ова би можел да биде еден од најатрактивните кросовер дуели во боречките спортови во 2027 година.

