Американскиот милијардер и основач на „Амазон“, Џеф Безос, постигна договор за купување на речиси една третина од акциите на англискиот гигант Ливерпул, пренесува „Скај Њуз“. Во овој моќен сопственички конзорциум е вклучен и Едуардо Саверин, еден од основачите на „Фејсбук“, како и Амит Батија, зет на индискиот милијардер Лакшми Митал.
Деталите од големата трансакција наскоро треба официјално да бидат објавени, со што започнува ново поглавје на „Енфилд“. Клубот од 2010 година е во сопственост на „Фенвеј Спортс Груп“ предводена од Џон Хенри, ера во која „црвените“ ја освоија Лигата на шампионите во 2019 година и титулите во Премиер лигата во 2020 и 2025 година.
Amazon founder Bezos nears deal to buy stake in Liverpool Football Club https://t.co/vF0jR5Oysa
— Sky News (@SkyNews) August 10, 2026
Со влезот на Безос и Саверин, чие лично богатство се проценува на околу 33 милијарди долари, Ливерпул добива огромна финансиска поддршка која дополнително ќе ја зацврсти неговата позиција во самиот врв на европскиот фудбал.

