Кошарка Меѓународна кошарка

Џеди Осман е новото големо засилување за црно-белите од Солун!

Грчките тимови продолжуваат сериозно да го менуваат односот на силите во европската кошарка, а солунски ПАОК го оствари можеби и највредниот потпис ова лето. Новиот кошаркар на црно-белите е турскиот репрезентативец Џеди Осман, кој зад себе има богато НБА и евролигашко искуство. ПАОК му плати два милиони евра обештетување на Панатинаикос, а Осман стави потпис на тригодишен договор вреден девет милиони евра, односно три милиони по сезона.

За неговиот потпис имаше сериозна битка и со турските гиганти, каде што Фенербахче преку Шарунас Јасикевичиус притискаше за негов ангажман како замена за Тарик Биберовиќ. Иако клубот од Истанбул нудеше и повеќе пари, турскиот кошаркар сепак одлучи да остане во Грција. ПАОК за вечерва го закажа неговото официјално претставување во салата во Солун во присуство на сопственикот Телис Мистакидис, по сезона во која Осман во Евролигата просечно бележеше 12,9 поени и 3,5 скока по натпревар.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.