Боречки спортови Други спортови

Џани Барбир остана без шампионскиот појас поради еден килограм вишок пред ФНЦ Загреб

Хрватскиот ММА борец Џани Барбир го загуби шампионскиот појас во средна категорија во ФНЦ организацијата уште пред да влезе во октагонот, откако на официјалното мерење пред саботниот спектакл се појави со еден килограм над дозволената граница од 83,9 килограми.

Иако Барбир го загуби појасот на вагата, борбата против Полјакот Пјотр Штрус сепак ќе се одржи. Доколку Штрус, кој беше точен на мерењето, победи на овој меч, тој ќе стане новиот шампион во средна категорија. Во случај да триумфира хрватскиот борец, категоријата ќе остане без шампион сè до следната борба за испразнетата титула. За Барбир ова е првпат по четири години да остане без шампионскиот статус, откако и на претходниот меч против Александар Илиќ во Белград имаше сериозни проблеми со симнувањето килограми.

Покрај Барбир, вагата не ја мина ниту Полјакот Бартош Војќикјевич, кој се појави дури три килограми над дозволената граница (64,7 кг). Неговиот противник Фран Лука Ѓуриќ имаше 61,6 килограми, но сепак прифати да влезе во борба со значително потешкиот ривал. Поради падот на мерењето, на двајцата борци ќе им биде одземен одреден процент од предвидениот хонорар.

Инаку, главен настан на саботниот ФНЦ спектакл ќе биде пресметката во тешка категорија каде што Дарко Стошиќ ќе го нападне појасот во дуелот против Хатеф Моил, големо внимание привлече и борбата на Миран Фабијан против Иван Ерсклан, кој по неуспехот во УФЦ, се враќа на регионалната сцена.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.