Европски првенства Македонски ракомет Меѓународен ракомет Ракомет Репрезентација на Македонија

Девојките загубија од Германија, фокусот е кон Словенија!

Македонската женска ракометна репрезентација загуби од Германија на домашен терен во 5. коло од квалификациите за Европското првенство. На крајот, во салата „Борис Трајковски“, Германките се радуваа на победа од 35-27.

Нашите ракометарки започнаа храбро и во првите минути држеа чекор со противникот, но како што одминуваше натпреварот, Германките постепено ја зголемуваа предноста. И покрај напорите на нашите девојки да ја намалат разликата, Германките успеаја да ја задржат контролата и да стигнат до конечна победа.

Македонија покажа борбен дух, но вечерва Германија беше поефикасна на теренот.

Следен натпревар на репрезентацијата е против Словенија, во Велење, на 12 април со почеток во 18:00 часот.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести