Други спортови Одбојка

Девојките ги стартуваа подготовките за Европската лига (ФОТО)

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија денеска го одработи првиот тренинг во СЦ „Форца“ во Скопје. Со овој тренинг и официјално започнаа подготовките за настап во претстојната Европска лига 2026. Репрезентативките веќе вчера се појавија на првиот собир во одлична атмосфера и позитивно расположение.

Ова е нов почеток за нашиот национален тим предводен од новиот селектор Милош Гавриловиќ. Тој во своето прво обраќање побара од девојките само дисциплина и максимално залагање на теренот. Гавриловиќ нагласи дека со добра комуникација верува во постигнување на големи заеднички резултати.

Европската лига оваа сезона има дополнително значење за нашиот национален тим. Натпреварувањето е дел од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство во 2028 година. Нашите одбојкарки влегуваат мотивирано во овој процес, подготвени да го дадат својот максимум.

Фото: Facebook / Одбојкарска федерација на Македонија

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.