Кошарка Меѓународна кошарка

Детроит и Кливленд со домашни победи

Детроит го совлада Орландо пред своите навивачи со 116:109 и се враќа во игра за пласнам во следната фаза, па лидерот во регуларниот дел на Истокот сега губи во серијата со 3-2. Првите ѕвезди на двата тима имаа свое шоу и одиграа одличен натпревар. Канингам го предводеше Детроит со 45 поени до победа, а на другата страна Банчеро исто со 45 поени беше најдобар во редовите на Орландо.

Кливленд дојде до предност во серијата против Торонто со 3-2, по победата на домашен терен од 125:120. По двата порази на гостувањето во Канада, со кои Торонто ја израмни серијата, сега повторно домашниот терен беше пресуден за победата на една од екипите. Харден и Мобли во победничката екипа постигнаа по 23 поени, а кај Торонто, Берет дојде до дабл-дабл со 25 поени и 12 скокови.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.

Поврзани вести