Детроит Пистонс убедливо го совладаа Орландо Меџик со 116:94 во седмиот натпревар, со што ја добија серијата со 4-3 и се пласираа во втората рунда од плеј-офот по цели 18 години чекање. Најзаслужни за историскиот триумф беа Кејд Канингем со 32 поени и 12 асистенции и Тобајас Херис со 30 поени, додека на спротивната страна недоволна беше одличната партија на Паоло Банкеро, кој постигна 38 поени.
Кливленд Кавалирс се пласираа во полуфиналето на Истокот откако во решавачкиот седми натпревар го совладаа Торонто Репторс со 114:102, за конечни 4-3 во серијата. Херој на вечерта беше Џерет Ален со доминантни 22 поени и 19 скока, кој најмногу придонесе за клучната предност од 19 поени разлика направена во текот на третата четвртина. Кај гостите најефикасен беше Скоти Барнс со 24 поени, но тоа не беше доволно да се спречи победата на Кливленд, каде двоцифрени беа и Мичел со 22 и Харден со 18 поени.
Во следната рунда Кливленд Кавалирс ќе ги одмерат силите со тимот на Детроит Пистонс.

