Меѓународен фудбал Фудбал

Дербито за Сараево му припадна на Жељо!

Фудбалерите на Железничар извојуваа голема победа во градското дерби против Сараево, совладувајќи го најголемиот ривал со 2:0 на преполнетата „Грбавица“ во заостанатиот натпревар од второто коло. Избраниците на младиот шпански стратег Давид Муслера, кој летово формираше нов и подмладен состав, одиграа исклучително дисциплинирано и стигнаа до вториот последователен првенствен триумф.

По првото полувреме без погодоци, Железничар го отвори резултатот уште во 47. минута кога Рафаел Пилото ја затресе мрежата за ерупција на трибините. Гостите се обидуваа да стигнат до израмнување и го контролираа поседот, но домаќините стабилно одолеаа и го зададоа конечниот удар во 73. минута преку Мухарем Хусковиќ, кој влезе во игра токму на местото на Пилото и по којзнае кој пат сезонава се покажа како играч за одлука.

Иако статистиката беше на страната на Сараево со дури 67 проценти посед на топката и 13 упатени удари, Железничар беше максимално ефикасен и ги претвори своите единствени два шута во рамките на голот во два решавачки погодоци. Со овој триумф Железничар му се приклучи на градскиот ривал со по 10 освоени бодови по шест одиграни кола, преземајќи ја третата позиција на табелата благодарение на подобрата гол-разлика.

Содржината, авторските текстови, материјали, фотографии, видеа и друга мултимедијална содржина на Sportei.mk се заштитени со Законот за авторско право и не смеат да се користат или злоупотребуваат без претходна писмена согласност од редакцијата.
Loading...

No more posts to load.